Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Маловиќ: Во второто полувреме на мечот во Скопје покажевме дека може да играме со нив
Маловиќ: Во второто полувреме на мечот во Скопје покажевме дека може да играме со нив

Маловиќ: Во второто полувреме на мечот во Скопје покажевме дека може да играме со нив

Младите ракометарки на Будуќност никогаш не се откажуваат предвреме, тоа го најавува и ракометарката на тимот Ѓурѓина Маловиќ, која смета дека нејзиниот тим може да дојде до победа на утрешниот дуел.

„Победа против Вардар би била идеална за нас пред четвртфиналето во Лигата на шампионите. Одиме да се надигруваме и да победиме. Имаме рецепт за успех, само треба да ги испочитуваме правилата и да ја водиме играта од првата до последната минута. Во второто полувреме на мечот во Скопје покажевме дека може да играме со нив. Ќе биде поинаку во Морача. Знаеме токму што треба да правиме и како можеме да дојдеме до победата на овој дуел“, изјави Маловиќ.

Утрешниот дуел започнува во 19:30 часот.