Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Стефан Терзиќ за Вардарфанс:Ако останеме здрави,резултатот нема да изостане

Стефан Терзиќ за Вардарфанс:Ако останеме здрави,резултатот нема да изостане

Терзиќ е подолго дел од РК Вардар кратко беше и на позајмица но неговиот раскошен талент како да допрва го покажува.Тој беше еден од најдобрите поединци на последните мечеви на Вардар . Стефан Терзиќ  ја оправда довербата на тренерот Раул Гонзалес.

Бевте избран во идеалниот тим на Сеха-лигата за месец ноември и декември.На натпреварите против Металург и Борац бевте најдобар стрелец во редовите на Вардар,а на последниот дуел за оваа година со Нексе бевте втор по ефикасност.Колку сте задоволен од своето залагање и игра?

-Многу сум задоволен,затоа што влегов многу мотивирано на секој меч.Посакував се подобро и подобро да играм на секој нареден натпревар.Секако ми годи и признанието,што сум вбројан во идеалниот тим на сеха-лигата.

На мечот против Металург бевте многу мотивиран,што се забележа по реакцииите ваши по постигнувањето на секој гол.

-Тоа е секогаш еден голем натпревар за нас,каде треба да се даде 101% од себе во сите 60 минути за да имате сигурна победа.

Се повеќе се зборува дека од следната сезона стигнува шпанскиот репрезентативец Македа,кој настапува на вашата позиција.Дали неговото доаѓање за вас ќе преставува уште поголем мотив и причина за докажување?

-Мене на лето ми истекува договорот,така да се зависи од тренерот и клубот дали ќе се продолжи оваа соработка.

Колку сте задоволен од досегашните резултати во ЛШ,и дали сметате дека оваа сезона ќе стигнете подалеку од минатата?

-Потребно ќе ни биде многу среќа,и што е најважно да сите бидеме здрави.Ако останеме здрави резултатот нема да изостане,ни изјави Стефан Терзиќ за нашиот сајт.

 

Звонко Ивановски

Leave a Reply