Прекрасно видео од сезенота 1984/85 од натпреварот во Скопје помеѓу ФК Вардар и Црвена Звезда. Одлична шанса да се види амбиентот на преполниот стадион како дишеа Скопјани и Македонија во пулсот на Црвено-Црните бои. Вардар убедлив над противникот од престолнината на тогашната СФРЈ.Вредно да се помене е дека во време на одигрување на мечот Звезда е актуелен Првак на Југославија. Вардар во Скопје не признава имиња од т.н Голема четворка не пизнава Шампиони и кандидати за титулата .Головите за триумф на Вардар ги постигнува за 1-0 кој друг ако не Вардаровиот бисер Панчев. На 2-0 зголемува од 11 метра со силен удар од неговата добро позната левица Рингов.Слушнете го ехото од стадионот по секој постигнат гол за Вардар кога од десетици илјади грла се ори радост. Звезда успева да намали од пенал Халиловиќ за 2-1,тука забележете го преполниот Запад . Но Вардар продолжува да гази и во вториот дел зголемува по една молњевита акција на 3-1 преку Георгиевски .Камерата ја покажува мотката универзалци вистински раритет да се види како изгледа мотка во тие 80-ти години.Стадионот е полн само носталгија предизвикува една ваква глетка. Видеово е исечок од емисијата “Сеќавања“ гостин е Вардаровиот голман Горан Живановиќ. Вардар таа година бил четврто пласиран и обезбедил место во Европа, уживајте