Подготовките на младите екипи на ракометниот клуб Вардар се во полн ек. Закажани се и првите контролки, па така во овие зимски подготовки прв натпревар за нив во понеделник ќе одигра кадетскиот тим на Вардар Јуниор.
Момците на Будимир и Станковски ќе бидат домаќини на 10.фебруари во спортскиот центар “Јане Сандански’ на прволигашкиот сениорски тим на РК КЛ7. Сериозна екипа, која е на позицијата 2.во првата сениорска лига (втора по квалитет во земјава). Натпреварот ќе се одигра попладне, терминот ќе биде дефиниран во следните денови.