Thursday ,12 December 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Писонеро: Тимски дух во Вардар е неверојатен, доаѓам да ја одбраниме титулата
Писонеро: Тимски дух во Вардар е неверојатен, доаѓам да ја одбраниме титулата

Писонеро: Тимски дух во Вардар е неверојатен, доаѓам да ја одбраниме титулата

Веќе тоа  е проверена формула, па РК  Вардар повторно ќе биде предводен од шпански тренер.  По Раул Гонзалез и Роберто Гарсија Парондо, тренер на вардарци  ќе биде Давид Писонеро. Истиот како и претходниците  нее  премногу познат тренер за јавноста, но  ја носи со себе  „шпанската школа“  која  на Вардар  му овозможи двапати да биде европски првак. Новиот тренер  има  големи амбиции и за првпат ќе биде дел од Лигата на шампионите.

Одушевен сум од работата што ја направив во Ваљадолид. Ако земеме предвид за нашиот буџет, можам да кажам дека тимот еволуираше на секое ниво. Да го водам победникот на Лигата на шампионите е голем чекор напред во мојата кариера и ми претставува гордост, чест, привилегија, но истовремено и одговорност. Без сомневање, покрај квалитетот што го поседува, Вардар има и силен тимски дух, што е можеби нивната најсилна страна, затоа што видовме како играа од почетокот до крајот во ЛШ и сите емоции што ги споделија беа евидентни. Среќен сум што дојдов во овој тим и се надевам дека ќе ги почувствувам истите емоции и дека ќе продолжам по ист пат.

Трансфер периодот е пред него, треба да пополни неоколку позиции. Покрај тоа одговара дали има  додатен притисок поради успесите на претходниците.

Би сакал да имам играчи кои ќе се адаптираат на начинот на игра којшто ќе го играме. Во превод, тоа значи сакам играчи во двата сегмента на играта. Шпанските тренери сакаат напорна работа и имаат таков карактер. Да наследам тренерски имиња како Раул Гонзалез и Роберто Парондо не ми прави притисок. Меѓутоа, на спротивната страна, сакам да имам работа каква што тие имаа во тимот. Се надевам дека во овој тим ќе донесам енергија како нив и ќе се бориме пак за трофејот- дополнува  Писонеро.

Прв предизвик за Писонеро како тренер ќе биде  учеството на  Супер Глоуб, неофицијалното светско клубско првенство.

Се надевам дека тимот ќе биде подготвен за мечеви на високо ниво на Супер Глоуб. Сакаме да ја освоиме титулата. Секако, тоа би било фантастичен начин да се почне овој нов предизвик. Што се однесува до целите, доаѓам во победник на ЛШ. Тоа значи дека тоа е нашиот фокус. Да го повториме успехот. Секако, тука е и фактот да ја подобриме играта- завршува  тренерот на Вардар.