Овосезонското засилување на Европскиот првак, Вардар бразилскиот десен бек, Жозе Толедо во Скопје ги минува деновите за време на светската пандемија поврзана со Корона вирусот. Спортот е запрен, вардарци ги очекуваат евентуалните натпревари со Нексе во регионалната лига и дуел против ПИК Сегед во Лигата на шампионите. Бразилецот искористи подземна гаража за да тренира и да ја одржува формата.