Вардарци ќе се обидат да се вратат на победите во Лигата на Шампионите. Во четврток во С.Ц. Јане Сандански ќе гостува екипата на Пик Сегед. Свое видување за следниот натпревар даде голманот на Вардар, Мартин Томовски кој го изјави следново:
„Имавме шанса да се радуваме на бодови во Сегедин. Игравме добро, ама сопствените грешки нè чинеа пораз. Што се однесува за овој натпревар, не може да бидеме безгрешни, ама ќе се обидеме да ги сведеме на минимум. Ова е последен меч на домашен терен во Лигата на шампионите. Сакаме да се радуваме заедно со нашите навивачи, кои се надевам ќе ни дадат поддршка во голем број.
Добрите партии се склоп на сите околности во клубот. Добро се чувствувам во Вардар, се трудам секогаш да дадам најдобро од себе, за мене и екипата. Сакам да помогнам и победуваме“.
Натшреварот во четврток ќе стартува во вечерниот термин од 20:45 часот.