Довчерашниот миленик на скопската публика и член на Европскиот шампион Вардар, Игор Карачиќ, беше главна sвезда на вчерашниот натпревар во Скопје на Вардар и Келце.
Карачиќ со овации беше дочекан во салата уште на загревање, а пред натпреварот освен што беше скандирано и неговото име од целата публика, доби и подарот дрес на кој пишуваше „Карачиќ фала ти за се“. Освен тоа, беше забележан и еден интересен детал.
Популарниот „срцка”, кој години наназад е присутен на ракометните и кошаркарските натпревари, му посака добредојде на Игор и топло го прегрна.