Tuesday ,19 March 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Тото: Сите сме свесни за значењето на бодовите од овој натпревар
Тото: Сите сме свесни за значењето на бодовите од овој натпревар

Тото: Сите сме свесни за значењето на бодовите од овој натпревар

Вардарци вечерва го играат последниот натпревар за 2021 година во Лигата на Шампионите. Избраниците на Веселин Вујовиќ ќе гостуваат кај екипата на ППД Загреб. Бодовите се важни за двете екипи, а ние се надеваме дека Вардар ќе се врати на победничките патеки и дека ќе ја прекине серијата на порази, која трае шест последователни натпревари.

Францускиот интернационелец во редовите на Вардар, Жереми Тото, посакува играа како на последниот натпревар против Кил.

-Сакаме да покажеме игра како онаа во Кил. Мислам дека на тој меч солидно се претставивме, иако загубивме. Фокусирани сме на ППД Загреб. Сите сме свесни за значењето на бодовите од овој натпревар, истакна Тото.

Натпреварот ќе започне од 20:45 часот  со директен преност на Арена Спорт 4.