Традиционално декември е месец во кој во атлетиката се сумираат впечатоците од тековнота сезона, се бараат слабостите за да се подобрат и се започнува со подготовките за следната сезона. Пред да напрвиме анализа за следната сезона и подготовките ќе ја сумираме сезоната која заврши, во која Завировски оствари исклучително добри резултати.
.
Според прикажаното ова е една од неговите најдобри сезони во кариерата. Уште на самиот почеток во февруари на трката на АРМ на 5км покажа дека оваа сезона има високи амбиции, истите во целост ги оствари. Резултатот од 17-53 на таа трка беше негов најдобар во последните 3 години. Потоа следеше еден шампионски крик на меморијалниот Мето крос во парк шумата Гази Баба каде на патеката од 4км истрча за 14-15 минути но секунди го делеа од најдобрите. Националното првенство на 10.000 метри беше вистински тест за Завировски на инзворедни временски услови на најдолгата стадионска трка забележа уште една одлична трка и резултат од 37-00 минути.
Во приодот од мај до јуни нашиот алтлетичар го покажа својот глад за натпревари, докажување и борба. Па така дефинитивно неговата најдобра трка оваа сезона беше на 3.000 метри со резултат од 9-47 минути и за прв пат сезонава згрме со одличен финиш. Во два дена настапи на двете најдолги стадионски трки во финалето на купот на Македонија. на 10.000 метри забележа резултат од 37-25 минути на 5.000 метри 18-13 минути. Исклучително тешко е во 2 дена да се финишираат двете најдолги стадионски трки. Следниот викенд одново блесок на 5.000 метри со резултат 17-22 минути. Ова е негов втор најдобар резултат во кариерата во оваа дисциплина.
.
На Охрид Трчат одново добар настап патеката не е брза но полумаратонската делница 21.097км ја мина за 1-27-24 и си обезбеди топ 10 пласман. Следниот викенд на Скопје Трча 10км нов добар настап 37-12 минути. Вториот дел од сезоната го започна со 3.000 метри во низата без крај на одлични настапи со резултат 09-55 минути. Круна на целиот труд беше победа на 6км на трка на АРМ со резултат 21-43 минути. Ќе остане запаметено парадирањето низ битолските улици со антологискиот дрес на ФК Вардар и илјадниците свирежи од Битолската публика за дресот со амблемот и името на Комити Запад. Така се сака клубот така се бранат неговите бои очи во очи со најголемите ривали. Во целата ситуација најмалку беше битен резултатот од 1-30-00 на Трчај Бе во Битола на 21км.
.
Својата класа ја покажа на Скопскиот Маратон. Пред бројната домашна публика со 1-22-58 на 21км. Демонстрација на сила и моќ црвено црното момче покажа на националното првенство во крос кантри. Посебно ќе биде запаметен неговиот финиш и 10км за 35-48 минути. Следеше уште еден подиум и бронзен медал во парк шумата Гази Баба на трка посветена на Македонската револуционерна борба 23 октомври и резултат од 39-40 минути на тешката патека. Во Гевгелија уште една трка на 10км на не така брза патека добри пеформански и резултат 37-21 минута. Онаму каде што ја започна сезоната таму ја затвори на трка на АРМ во спортскиот центар Хиподром одлична крос кантри трка на 8км и резултат 30-28 минути. Ова беше инзворена сезона за вардарецот кој настапи на 17 трки, лавовски ги бранеше боите на Вардар!