Овој викенд започнува најмасовниот ракометен турнир во Македонија. Веќе трета година по ред на програмата ќе биде турнирот под наслов „Еден живот – една љубов“. На овој турнир кој го организира РК Вардар, ќе присуствуваат над дури 1200 членови од повеќе градови од нашата земја. Овој турнир ќе се одигра во две недели. Оваа недела ќе настапат 40 различни екипи во машка и женска конкуренција. Исто така, овој тунир ќе се игра во повеќе сали во Скопје. Категориите 2004/2005 и 2006/2009 година ќе се натпреваруваат следниот викенд.
Kоординаторот на Ракометната Академија Вардар, Марија Папуџиева за престојниот голем турнир во разговор за официјалната веб – страна на клубов вели:
„Задоволни сме што турнирот „Еден живот една љубов” прераснува во традиција, а особено нѐ радува што секоја година расте бројот на деца кои одбираат да се натпреваруваат на најмасовниот ракометен турнир во Македонија. Горди сме што Вардар, како организатор покажува дека фокусот останува на децата, дека работиме на нивна едукација и потикнување на нови спортски навики кои градат здрава младина. Се разбира за нас, како клуб, ни се важни првите екипи, но со турнирот и со Вардар Јуниор лигата, која е во организација на Ракометната академија Вардар, покажуваме дека подеднакво ги цениме и дека сме посветени и на младинските категории”, вели Марија Папуџиева, координаторот на Ракометната Академија Вардар.
Ова е распоредот на одиграување натпревари:
Распоред за генерација 2000/2001 машки: generacija_20002001_mashki.pdf
Распоред за генерација 2002/2003 машки: generacija_20022003_mashki.pdf
Распоред за генерација 2000/2001 женски: generacija_20002001_zhenski.pdf
Распоред за генерација 2002/2003 женски: generacija_20022003_zhenski.pdf