Saturday ,27 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Викендов стартува третата сезона во ракометната Вардар Јуниор лигата
Викендов стартува третата сезона во ракометната Вардар Јуниор лигата

Викендов стартува третата сезона во ракометната Вардар Јуниор лигата

Ракометната академија Вардар објави дека на 28 и 29 октомври е почетокот на третата сезона од најдобрите ракометни натпревари за најмладите. Викендов во четири града во Македонија страствените вљубеници во ракометните вештини на возраст од 5 до 15 години стартуваат со натпреварите организирани според највисоките професионални стандарди. Првото коло во новата, третта сезона во Јуниор ракометната лига ќе се игра во Прилеп, Кичево, Скопје, а новина е што сезонава ќе се игра и во Тетово. Веќе во следните кола ќе има натпревари  и пред публиката во Велес.

.Распоред вели дека во сабота, на 28 октомври се игра во Прилеп во спортскиот центар „Универзална сала”, во Кичево во спортскиот центар „Христо Узунов” и во Тетово во салата при средното економско училиште „8 Септември”. В недела на 29 октовмри во Скопје се игра во спортскиот центар Кале.

 Момчињата ќе играат во генерацијата 2002/03, додека генерациите 2004/05 и 2006/07 ќе играат и во машка и во женска категорија. Новина е што момчињата и девојките родени 2006/07, кои лани ги гледавме во мини ракомет сезонава за првпат ќе играат ракомет на цел терен. Во неколку машки тимови во генерацијата 2002/03 сезонава ќе играат и девојчиња. Во мини ракомет, пак, ќе се натпреваруваат дечињата родени 2008 и помали.