Wednesday ,24 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Нова рутинска победа за избраниците на Зенга, пионерите на РК Вардар убедливо го совладаа Шампион
Нова рутинска победа за избраниците на Зенга, пионерите на РК Вардар убедливо го совладаа Шампион

Нова рутинска победа за избраниците на Зенга, пионерите на РК Вардар убедливо го совладаа Шампион

Пионерите на ракометниот клуб Вардар стигнаа и до третата победа оваа сезона. Во малата сала на С.Ц Јане Сандански избраниците на Зоран Петковски убедливо ја совладаа екипата на Шампион, со резултат 40:8 и на тој начин ја продолжија победничката серија.

Вардарци отворија со по еден гол на Ристевски Стефан и Симовски Кирил за почетна предност од 2-0. Успеавме да доминираме, додека противникот не можеше да парира, па по 9.минути игра водевме и со 10-0, Петрушевски Андреј и Матеј Трајановски редеа голови. Во 13.минута противникот на резултат 13-0 по голот од пенал на Алексовски Алек побара тајм-аут, но и тоа не даде многу резултат, иако мора да се напомене дека тимот на Шампион во својот состав имаше и неколку играчи кои беа генерација 2006. На нашиот гол Петар Колевски имаше неколку успешни интервенции, нашата одбрана беше на ниво. Следеа нови пет гола, со кој поведовме со 18-0 по погодокот на Спасовски. Конечно по 17.минути игра, екипата на Шампион го постигна својот прв гол на овој меч за намалување на 18:1. Христијан Петковски погоди за дваесет разлика, кога во 19.минута стрелаше за 21-1. До крајот двата тима погодија по еднаш, па на пауза заминавме со резултат 22-2.

1 2 3 4 5 6 7 8

Вториот дел со погодок го отвори тимот на Шампион, додека Вардар погоди преку Мартин Сипковски. Немавме проблеми ниту во овој дел од мечот, додека тренерот Зоран Петковски им даде шанса за настап на сите ракометари. Нашата предност постојано растеше, така беше и кога погоди Стефан Ристевски за водство од 26:3. Во овојдел од мечот, противникот беше малку поефикасен кога го постигна и 8 погодок во 34 минута, додека со голот на Алек Алековски ние зголемивме на 35:8. До крајот одигравме рутински и славевме со резултат 40:8.

Алек Алексовски и Стефан Ристевски постигнаа по 6 голови. Кирил Симоновски беше стрелец на 5 голови, додека Ѓорѓиј Спасовски и Мартин Сипковски постигнаа по 4 голови. Андреј Петрушевски постигна 3 голови, додека по 2 имаа Марио Стојановски, Иле Табаков, Тадеј Аритонов, Матеј Трајановски, Мартин Тодороски и Христијан Петковски