Во очекување на нови засилувања за екипата на РК Вардар, во следниве денови ќе биде познат и статусот на уште тројца млади играчи, кои оваа сезона беа вклучени во првиот тим.
Се работи за средниот бек, Мартин Карапалевски, голманот, Васил Гогов и десното крило, Ален Ќосевски, талентирани играчи на кои треба да им се даде шанса. Овие денови, Карапалевски треба да пристигне во Скопје и да го продолжи договорот со Европскиот Шампион, додека се уште не е познато дали истото ќе го стори и Ќосевски. Во очекување на преговори е и Васил Гогов, кој дојде оваа сезона и неколку пати беше вклучен во првиот тим.
Претходно договорите со Вардар ги продолжија уште неколку млади играчи. Се работи за Стефан Крстевски, Давид Гашовски, Стефан Атанасовски и Марко Кизиќ.