Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Вардар има осум проверени играчи за новата сезона
Вардар има осум проверени играчи за новата сезона

Вардар има осум проверени играчи за новата сезона

Управата на РК Вардар на чело со сопственикот Михајло Михајловски веќе го ,,скрои” половина од тимот на кој ќе сметаат во новата натпреварувачка сезона.

РК Вардар во овој момент има осум проверени играчи, играчи кои со сигурност можат да го понесат товарот на својте позиции и да му донесат успешност на нашиот тим и во иднина.

Борко Ристовски и Робин Кантегрел се првите двајца ракометари од кои во новата сезона ќе се очекува многу. Потоа тука се специјалистот за одбрана, Глеб Калараш и капитенот на тимот, Стојанче Стоилов, кој и во новата сезона останува верен на нашите бои.

Вардар во новата сезона добива и два супер модерни бек шутери. Дмитри Санталов и Кристијан Дисингер ќе ја предводат левата бековска позиција.

Вардар не треба да стравува и за крилните позиции, бидејќи во тимот остануваат најискусните, Тимур Дибиров на левата крилна позиција и Иван Чупиќ на десната.

Покрај овие осум проверени играчи кои со сигурност ќе го носат дресот на Вардар и во иднина. Не треба да ги заборавиме и младите Томислав Јагуруновски (десен бек), Марко Кизиќ (голман), Марко Мишевски (централен бек), Димитар Димитриовски (лево крило) и Мартин Карапалевски (централен бек).