Thursday ,28 March 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Патрик Валчак во составот на Полска за претстојните квалификациски натпревари
Патрик Валчак во составот на Полска за претстојните квалификациски натпревари

Патрик Валчак во составот на Полска за претстојните квалификациски натпревари

Ракометарот на Вардар, Патрик Валчак, повторно се најде на списокот на повикани играчи за репрезентацијата на Полска, откако вардаровиот пикер настапи и на изминатото светско првенство во Египет.

Овој пат, Валчак, се најде во составот на Полска за претстојните натпревари во рамките на квалификациите за пласман на ЕП во 2022 година. Се работи за дуели против селекциите на Словенија и Холандија.

Валчак ќе има голема конкуренција на таа позиција со оглед дека во составот се најде и играчот на ПСЖ, Камил Сипжак.