Sunday ,28 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Битка на поранешни Европски Шампиони, Вардар и Целје во борба за финале на струшкиот турнир
Битка на поранешни Европски Шампиони, Вардар и Целје во борба за финале на струшкиот турнир

Битка на поранешни Европски Шампиони, Вардар и Целје во борба за финале на струшкиот турнир

Денес на програмата е 3.коло на традиционалниот ракометен турнир во Струга. Вардар вечерва ќе се соочи со екипата на Целје, а победникот од овој натпревар ќе игра во големото финале на турнирот.

Се работи за екипи, кои биле Европски Шампиони, па од тука очекува интересен и квалитетен натпревар. Целје на клупата е предводен од поранешниот вардаров играч, Алем Тоскиќ, додека тимот кој е Шампион на Словенија во новата сезона влегува со подмладен состав. Како најискусен и најголема опасност кон нашиот гол треба да доаѓа од Жига Млакар.

Вардар и Целје ги добија првите два натпревар. Против Бутел убедливо, додека и двата тима се „препотија“ за да стигнат до цел плен во дуелот со екипата на Алкалоид.

На вчерашниот натпревар, тренерот на Вардар, Владо Недановски им даде поголема шанса за настап на неколку млади ракометари. Тоа најдобро го искористи Ален Ќосевски кој беше најефикасен со 6 постигнати голови, додека Георгиевски и Џукиќ, воопшто не влегоа на натпреварот. Минутажа имаа Карапалевски, Мишевски, Савревски, но и новото засилување, Добрковиќ, кој доправа треба да се докажува и напредува.

Влогот од вечерашниот натпревар е голем, односно финале на струшкиот турнир. Сигурно дека не очекува квалитетен натпревар, се надеваме на добра игра и позитивен резултат за Вардар.