Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Вардар продолжува со натпреварите во ЛШ, денес гостува кај Брест Мешков
Вардар продолжува со натпреварите во ЛШ, денес гостува кај Брест Мешков

Вардар продолжува со натпреварите во ЛШ, денес гостува кај Брест Мешков

Денес, Вардар ќе го одигра претпоследниот натпревар за годинава во Лигата на Шампионите, црвено-црните гостуваат во Белорусија кај екипата на Брест Мешков.

Вардарци ќе се обидат да ја прекинат серијата од два меча без триумф, откако освоија само еден бод на последните два дуели против екипата на Киелце. Од друга страна, сезонава, Брест Мешков игра „очајно“ и има само една победа и дури седум порази во најсилната група Б. Денешниот противник има само два освоени бодови и се повеќе е очигледно е дека после три сезони, Брест Мешков нема да успее да ја помине групната фаза, откако последен пат вакво нешто им се случи во сезоната 2014/15 кога сезоната во Лигата на Шампионите ја завршија уште во групата. Единствениот триумф, Мешков го оствари токму на домашен терен во дуел со екипата на Мотор Запорожје.

Вардар го доби првиот дуел сезонава, на мечот кој се одигра во С.Ц. Јане Сандански славеше нашиот шампион со резултат 36:31. Ова ќе биде шестти меѓусебни меч на двете екипи во Лигата на Шампионите, а Вардар успеал да слави на три пати. Радува фактот што во составот за денешниот дуел се враќа Даинис Кристопанс, кој ги пропушти мечевите со тимот на Киелце. Останатите, освен Толедо и Дисингер, се во комбинација за настап кај тренерскиот тандем, Кокшаров-Писонеро за овој меч.

Дуелот стартува од 17:30 часот со директен пренос на МТВ. Ние се надеваме на победа, со која ќе се искачиме во горниот дел од табелата, пред последниот дуел годинава, кога на домашен терен го играме дербито против екипата на Веспрем.