Кадетите на ФК Вардар го добија дербито со Шкендија. Момците на Филип Ивановски успеаа да ја совладат екипата од Тетово со минимлани 2-1, двата гола ги постигна Игнатов.
Вардар: Китановски, Асани, Радуловиќ-Величковиќ, Петејчук, Ѓурковски, Крстевски, Хасани, Игнатов, Речица, Омерагиќ и Гугуљанов.
Првите 15.минути изобилуваа со доста дуели, претежно се играше на средината на теренот без закани за двата голмани. Прва прилика имаа вардарци во 17.минута, откако беше соборен на 17-18.метри капитенот Омерагиќ Азер добивме слободен удар. Истиот го изведе Речица чии удар заврши крај голот на ривалот. Противникот еднаш се закани, сепак нашиот голман Китановски благовремено „боксуваше“. Ние имавме повеќе од иницијативата, поседот беше во нашите нозе. Тоа донесе погодок во 29.минута, по една нафрлена топка, „отпадокот“ го собра Игнатов Леонид, кој стрелаше силно за 1-0. Имавме и две полу-шанси, се обидоа Игнатов и Крстевски Виктор. Во финишот на првиот дел успеавме да ја удвоиме предноста, Игнатов ја имаше топката на 20.сетина метри од голот на Зејнели, се одлучи за удар, неговиот шут се заби ефектно под гредата за предност со 2-0, резултат со кој се замина на одмор на ова кадетско дерби.
Вториот дел започна со измена, стрелецот на двата гола Игнатов му остапи место на Салиу. Прва шанса имавме ние преку Омергаќ која не ја претворивме во гол, ривалот го казни нашето промашување. Шкендија успеа да ја преполови нашата предност погодувајќи за 2-1. Ние го уфрливме Демири во игра со цел да ја вратиме доминацијата на теренот. Имавме две прилики, од слободен удар крај голот шутна Радуловиќ-Величковиќ, потоа со удар од 25-30.метра силно по земја се обиде Асани. Фазлиу мораше да го замени Салиу кој влезе на почетокот на 2.дел поради повреда. Противникот се закани двапати, нашиот голман Китановски Кристијан имаше две феноменални одбрани кои сите ги поздравија, тој успеа од под гредата умешно да исфрли во корна. Во последните минути умешно го трошевме времето со долги додавања, мирна игра со цел да дојдеме до цел плен.