Thursday ,18 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Најнов ранкинг на ЕХФ, Вардар повторно го нема во ТОП-10 екипи
Најнов ранкинг на ЕХФ, Вардар повторно го нема во ТОП-10 екипи

Најнов ранкинг на ЕХФ, Вардар повторно го нема во ТОП-10 екипи

Во очекување да продолжат натпреварите во Лигата на Шампионите, медија тимот на ЕХФ повторно направи пресек, односно ТОП-10 листа на екипи кои имаат најголеми шанси да се најдат на завршниот турнир

Во изборот повторно нема место за Вардар, додека на листата се најдоа екипи кои Вардар сезонава и ги победи. Според најновиот ранкинг, интересно, Киелце се наоѓа на првото место, додека на втората позиција е екипата на Монпелје. Кил и Веспрем исто така би се нашле на завршниот турнир, според досегашните остварени резултати и моменталната форма. Вардарци добро ја стартуваа сезоната кога не загубија на првите три натпревари, а потоа следеше лоша серија од три последователни порази.

ТОП-10 листата ја заокружуваат екипите на Барселона, Елверум, Алборг, Пик Сегед, ПСЖ и Порто.