Момците на Раул Гонзалес имаа фуриозен старт на турнирот во Струга забележувајќи убедлива победа од 35:22 ,против рускиот преставник С.Петерсбург.Натпреварот започна со два гола и тоа во контра напади на Тимур Дибиров.Гонзалес во бековската линија започна со Душебаев,Карачиќ и новото засилување Блаженко Лацковиќ.Првите 15 минути поминаа повеќе во изедначена игра на двете страни,првото израмнување беше во 8 минута 4:4,а гостите во следниот напад успеаа и да поведат што беше нивно прво и единствено водство на овој натпревар.Душебаев со својот прв гол во 18 минута успева да го донесе Вардар на позитива од два гола,за во следниот напад Терзиќ да донесе најголема предност од 11:8 во 21 мин.Со голот на Немања Прибак заврши првото полувреме во корист на Вардар со резултат од 16:13.Милиќ бранеше во првите 30 минути и забележа 6 успешни интервенции.
Второто полувреме започна со Штербик на голот кој блескаше со своите одбрани.Целосната доминација на Вардар започна во 34 минута со погодокот на Стојанче Стоилов за резултат од 18:14.Од тогаш па се до 43 минута Вардар прави серија од 7:0 за да поведе со највисоки 25:14 во 42 минута.Во овој период Карачиќ успеа да постигне дури 4 гола,и со своите атрактивни потези да ја подигне публиката на нозе.До крајот на натпреаврот се менуваа стрелците во екипата на Вардар,забележителна улога имаше и Стефан Терзиќ како и Стоилов кој постигнаа по 3 гола.Крајниот резултат на семафорот гласеше 35:22. , и со тоа Вардар ја оствари првата победа на овој турнир.За најдобар играч кај Вардар беше избран Арпад Штербик.Во ростерот на Гонзалес за овој дуел не беа Ангелов,Шишкарев и Петриќ.
14.08.2014