Ракометната федерација на Македонија ги одреди термините за натпреварите од 10.коло во плеј-офот на ракометната Супер лига.
Во четврток (20.05), Вардар гостува во Битола кај екипата на Еурофарм Пелистер во дербито на колото. Со евентуална победа, црвено-црните сигурно дека ќе се промовираат во Шампиони на Македонија. На Вардар му одговара и пораз, но тоа да не биде поголем од осум голови разлика, со оглед дека првиот натпревар одигран во С.Ц. Јане Сандански заврши со висока победа на Вардар со резултат 35:27.
Сигурни сме дека момците на Алушовски нема да тактизираат и ќе одат на победа против големиот ривал и тоа во нивната сала. Со истиов противник се сретнавме и во големото финале на Купот, каде Вардар славеше победа со резултат 26:24 и на тој начин го освои 14.трофеј во Купот.
Натпреварот во четврток во спортската сала „Боро Чурлевски“ ќе стартува од 18:00 часот.