Вардар го победи тимот на ПИК Сегед и покрај сите проблеми и во реваншот во Унгарија ќе патува со позитива од дури осум гола. Вечерва иако Вардар беше отпишан од скоро цела ракометна Европа, сепак, уште еднаш докажа дек е зрел за нов Ф-4, трет во серија. Во Скопје нема тим кој може да го победи Вардар со ваква фантастична публика!
Првите пет минути од дуелот во Скопје му припаднаа на тимот на ПИК Сегед кој имаше водство од 2:3. Со серија од два гола, Вардар дојде во водство од 4:3 во 10 минута. Веќе на половина на првиот дел Вардар дојде до максимални плус три, 7:4. Одлично делуваше нашиот тим како во одбраната, така и во нападот. Веќе во 20 минута нашиот тим имаше плус четири, 10:6 со голот на Дибиров од контра. Во 25 минута резултатот гласеше 12:9 за нашиот тим. До крајот на првиот дел Сегед со помошта на судиите се врати резултатски, па така на пауза се замина со резултат 14:12 за Вардар.
Вториот дел започна со гол на Дибиров. Следуваа два гола на двете страни за нови плус три, 16:13. Следуваше нов гол на Скубе за плус четири во 37 минута од дуелот. Во 40 минута Вардар имаше плус три 18:15. Одлично делуваше тандемот Скубе-Криштопанс. Во продолжението од дуелот, во 47 минута со промашениот пенал на Дибиров Вардар пропушти можност да дојде до нови плус три. На спротивната страна Сегед постигна погодок за само минус еден. Со уште неколку чудни одлуки во продолжение, Сегед повторно дојде до минус еден со голема помош. Сепак Карачиќ беше прецизен за нови плус два, 22:20. Во последните десет минути, Вардар влезе со три гола предност, иако имаше и два седмерци за плус пет. Делириум, со одбранетиот пенал на Милосављев, во 53. минута еруптираше вулканот Јане Сандански на максимум. Во последните шест минути нашиот тим влезе со три гола предност. Последните пет минути од дуелот Вардар ги одигра одлично, па така ќе патува во Унгарија со позитива од осум гола.
Браво Вардаре!