Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > Slider > Вардар само еднаш загубил од Рајн-Некар на гостински терен, најубедливиот триумф во меѓусебните дуели во ЛШ го имаат црвено-црните
Вардар само еднаш загубил од Рајн-Некар на гостински терен, најубедливиот триумф во меѓусебните дуели во ЛШ го имаат црвено-црните

Вардар само еднаш загубил од Рајн-Некар на гостински терен, најубедливиот триумф во меѓусебните дуели во ЛШ го имаат црвено-црните

Во среда продолжуват натпреварите во Лигата на Шапионите, а Вардар и Рајн-Некар ќе го одиграат својот десетти меѓусебен дуел во Лигата на Шампионите. Црвено-црните имаат позитивен скор во дуелите со екипата од Манхајм, пет победи има Вардар, три Рајн-Некар, додека еден натпревар завршил со нерешен резултат.

Интересно на мечевите кои се играле на теренот на противникот, Рајн-Некар има само една победа против Вардар и тоа минимално со само еден гол разлика. Еден меч завршил со нерешен резултат и тоа оној минатата сезона, кога јунак беше Штербик, кој во последните секунди одбрани зицер удар. Дека “САП Арената„ ни лежи говори фактот дека нашиот шампион највисоките победи против овој тим ги има забележано токму во оваа арена. Во 2015 година славевме со резултат 28:35, додека веќе следната повторно успеавме да славиме на теренот на противникот, овој пат со резултат 27:33.

Овие две екипи имаат одиграно и еден пријателски натпревар, минатата година на турнирот во Гумерсбах, кога “лавовите„ славеа триумф и тоа убедливо (25:34). Последниот меѓусебен дуел беше одигран оваа сезона, кога на теренот во С.Ц. Јане Сандански избраниците на Парондо славеа победа (29:27), тоа беше нивни четврти последователен триумф на стартот од оваа сезона во најсилната група А.

Имаме позитивна традиција со германските екипи, која очекуваме да продолжи и во среда. Претстојниве два натпревари во ЛШ се многу важни за Вардар, а од исходите на истите во голема мера ќе зависи и каков ќе биде конечниот пласман на табелата.