Wednesday ,01 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Вардар се мачеше, за на крајот убедливо да ја победи Струга
Вардар се мачеше, за на крајот убедливо да ја победи Струга

Вардар се мачеше, за на крајот убедливо да ја победи Струга

Вардарци стигнаа до победа на домашна сцена. Вечерва на натпревар од 11.коло во ракометната Супер Лига, црвено-црните славеа на гостувањето кај екипата на Струга, со резултат 28:37.

Не изгледаше се така лесно за македонскиот шампион, како што отсликува конечниот резултат. Вардар имаше добар старт на натпреварот, кога и веднаш се одлепи на четири гола разлика, за истата постепено да расте и  да стане двоцифрена (7:17). Кога се мислеше дека Вардар има контрола на играта, со несфатлив пад му дозволи на противникот да влезе во серија од 8:1 и на полувреме да замине со само три гола негатива (15:18).

Мотивираната Струга продолжи да игра добро и на стартот од второто полувреме, успевајќи целосно да ја анулира негативата, израмнувајќи го резултатот на 20:20. Сепак тоа беше се што успеаа да сторат, Вујовиќ ги врати на терен поискусните ракометари и не дозволи ново изненадување во домашното првенство. Вардар сериозно ја сфати работата, па до крајот стигна до убедлива победа изразена со девет гола разлика.

Патрик Валчак беше прв стрелец во нашите редови со 7 голови, додека Кевин Њокас и Филип Талески додадоа по 6.