Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Втор тим > Во недела, Вардар Јуниор гостува кај екипата на Струга
Во недела, Вардар Јуниор гостува кај екипата на Струга

Во недела, Вардар Јуниор гостува кај екипата на Струга

После големата победа против екипата на Радовиш, младиот состав на Вардар Јуниор во недела го очекува гостување на екипата на Струга.

Двете екипи имаа победнички старт на сезоната во супер лигата, па ќе посакуваат триумф и на овој дуел. Тренер на Струга е Андон Бошковски, додека во екипата настапуваат и довчерашни играчи на Вардар Јуниор, се работи за голманот Никола Кизиќ и десниот бек, Стефан Трпчевски, кој беше најдобар стрелец на црвено-црните за изминатата натпреварувачка сезона. Тоа е речиси истиот состав од минатата сезона кој успеа да обезбеди пласман во најсилната супер лига, засилени со гореспоменатите играчи, како и младите Дарио Петровски кој дојде од екипата на Еурофарм Работник и Ненад Костески од Металург 2.

Очекуваме интересен и изедначен натпревар, на кој нијасни можат да го решат конечниот победник. Дуелот ќе стартува со почеток од 18:00 часот .