Македонци, Руси, Шпанци, Срби, Хрвати, Бразилци, Црногорци, сите се еден тим, едно семејство и сите се ракометни шампиони на Европа, а се надеваме дека подоцна и ќе владеат со светот. Еден клуб успеа да ги поврзе-Вардар, еден сопственик-Сергеј Самсоненко, еден тренер-Раул Гонзалес, еден град-Скопје и една држава-Македонија.
Раул Гонзалес, Шпанец, но исто како да е Македонец. Човекот на кого сите му се восхитуваат, дури и оние кои не навиваат за Вардар. Веднаш по неговото доаѓање во клубот, започна да го учи Македонскиот јазик, толку посветено и со голема љубов, како тоа да е негов мајчин. Изненади брзо со неговиот напредок околу совладување на нашиот јазик и докажа дека кога се сака, се се може. Започна и на своите тренинзи, натпревари, во јавноста, на прес-конференциите, на секаде го зборуваше Македонскиот јазик. Секој нов играч кој доѓаше во екипата, без оглед од која земја доаѓа и без оглед колку е тешко да се совлада нов јазик, нова литература, секој даваше се од себе, од своите можноси да научи да говори на јазикот во земјата каде игра и ги брани црвено-црните бои.
Колку и да беше тешко, тука беше Раул Гонзалес, кој секој тренинг и тајм-аут го водеше на Македонски, така што и самите играчи без оглед од која земја доаѓаа, дали беше тоа Шпанија, Бразил или Русија, даваа максимум да го разберат неговиот говор. Тука беше и помошникот Давид Дејвис Камара, кој одеше по стапките на својот сонародник и главен тренер, па и тој самиот се трудеше околу совладување на јазикот. Има многу примери во Македонија и за тренери и за играчи, кои долго биле во своите екипи и кои доаѓале од Балканските простори, кои не проговориле ниту еден збор на Македонски, иако било многу полесно од Српски, Хрватски, Црногорски да совладаш Македонскиот, отколку од Шпански, Руски или Бразилски.
Секоја чест и за сопственикот, Сергеј Самсоненко кој се обраќа исто така на Македонскиот јазик и наметна истиот да биде совладуван и да се зборува и во екипата. Илија Абутовиќ веќе започна во медиумите да зборува на нашиот јазик, Душебаев веќе го зборуваше речиси чисто, за Шпанците Кањелас и Македа, колку и да е тешко, момците знаат секогаш да изненадат со нивниот говор и што е можно колку повеќе да зборуваат Македонски. Дибиров, Шишкарев можеби немаа поголеми проблеми околу оваа тема, тука се и Српските, Хрватските играчи, како и Црнагорецот, Вуко Борозан, кои доаѓаат од земји кои биле во поранешна Југославија. Тоа е се еден народ, една религија и вера, која не обединува сите нас. По освојување на Европската титула и пречекот на плоштадот, Чупиќ имаше интересна изјава, кој рече цитирам: Јас сум Хрват од мала земја, но денес сум горд што сум Македонец.
Сите беа горди што се Европски шампиони, под Македонското знаме, иако секој од нив по освојување на трофејот го носеа знамето од каде доаѓаат, но нашето Македонско сите ги обединува да бидат како едно големо, среќно семејство, кое не познава граници, нема препреки ниту сили кои можат да ги разделат.
Народот во Македонија по освојувањето на ЛШ и пристигнувањето во Скопје, не ги препознаваше како странци, за нив сите беа Македонци и луѓе кои играле од срце и изгинале за боите на клубот. И играчите имаа минута обраќање пред народот и тоа беше на Македонскиот јазик. Вардар успеа да ги спои сите во едно и на многу играчи, кои претходно долго ја сонувале Европската титула, за некои можеби била само неостварлива желба, но во Вардар, Скопје и Македонија, нема ништо невозможно.
Вардар е пример како треба да функционира еден клуб и како желбата мотивот, вербата во себе и напорната работа доаѓаат до израз и ја исполнуваат конечната цел. Ова ќе се раскажува на многу многу наредни поколенија и генерации, како Вардар стана Европски шампион.