Вицешампионот на Европа екипата на ЖРК Вардар има најдобри голман, а доказ за тоа е изборот на ЕХФ за ТОП-30 најдобри одбрани, во кои место имаше за сите три голманки на Вардар. Амандин Лејно дури со четири свои интервенции се најде во овој избор, од кои една и тоа онаа во четвртфиналето против Митјиланд е прогласена за најдобра во лигата на шампионите за натпреварувачката сезона 2016/17. Во најдобрите 30 одбрани, место имаше и за Ина Суслина и Мајса Песоа.
Погледнете го видеото со најдобрите 30 одбрани, од кои првото место е за Амандин Лејно.