Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Вардар продолжува со силното темпо, вечерва во Јане Сандански гостува екипата на Стеауа
Вардар продолжува со силното темпо, вечерва во Јане Сандански гостува екипата на Стеауа

Вардар продолжува со силното темпо, вечерва во Јане Сандански гостува екипата на Стеауа

Вардарци со силно темпо продолжуваат на одигрување натпревари. После големата победа против актуелниот шампион на Европа, црвено-црните слетаа во Скопје, вчера одржаа тренинг а веќе вечерва ги очекува меч од 4.коло во СЕХА-лигата. Противник е екипата на Стеауа од Букурешт, дебитантот во ова натпреварување.

Стеауа е амбициозна екипа од Романија која минатата година заврши на првото место во регуларниот дел од сезоната во лигата на оваа земја, но загуби во финалето од плејофот од екипата на Динамо Букурешт. Инаку се работи и за поранешен шампион на Европа. Вардар е лидер во СЕХА-лигата, после три одиграни кола имаат исто толку победи, додека Стеауа забележа две победи и еден пораз на гостувањето во Загреб. Екипата ја сочинуваат воглавно домашни играчи, засилени за двајцата интернационалци од Србија, Крсто Милошевиќ и Стефан Вујиќ, а тука е и репрезентативецот на Црна Гора, Немања Грбовиќ.

На вчерашната пре-сконференција на Вардар, тренерот Парондо и Дибиров порачаа дека Вардар на секој меч оди на победа и дека треба да се одржи победничкиот ритам и истиот да продолжи и после вечерашниот меч. Заморот е евидентен, но црвено-црните се подготвени за нов триумф, со кој би ја продолжиле и серијата  од 30 меча без пораз во регионалното натпреварување.

Дојдете вечерва во С.Ц. Јане Сандански со почеток од 20:15 часот да го подржиме шампионот кон уште една голема победа. Билетите за овој дуел се по симболична цена од 50 денари.