Thursday ,18 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Вардар се враќа на настапите во СЕХА-лигата, вечерва на домашен терен го пречекува Нексе
Вардар се враќа на настапите во СЕХА-лигата, вечерва на домашен терен го пречекува Нексе

Вардар се враќа на настапите во СЕХА-лигата, вечерва на домашен терен го пречекува Нексе

Вечерва со почеток од 20:45 часот, актуелниот бранител на трофејот во СЕХА-лигата, тимот на Вардар е домаќин на Нексе, во рамките на 3.коло од групата

Црвено-црните после две одиграни кола имаат учинок од една победа и пораз во минатото коло од тимот на Мотор Запорожје, додека изненадувачки Нексе се уште нема победа, односно загуби на првите два меча од екипите на Војводина и Татран Прешов.

Пред стартот на новата сезона, екипата на Нексе се засили со: Живан Пешиќ ( Адемар Леон), Иван Думенџиќ ( Дубрава),  Џанфранко Прибетиќ ( Пореч), Фран Милета од Рудан Лабин и Томислав Северец од Умаг. Затоа Нексе во новата сезона ќе биде ослабен за пикерот Марин Шипиќ кој премина во најголемиот ривал, тимот на ППД Загреб, како и за Патрик Лебан кој потпиша за Целје Пивоварна Лашко.

Вардар никогаш нема загубено од хрватскиот вицешампион на домашен терен, на последните 12 меѓусебни дуели со овој противник, Вардар излегувал како победник на десет меча, додека два завршиле во корист на Нексе.

Со оглед дека пред само два дена игравме тежок меч против екипата на Порто и дуел кој ни следи нов во ЛШ, за денешниот меч со Нексе, тренерот Писонеро најави дека ќе комбинира со составот, односно шанса повторно ќе добијат младите играчи. Вардар е фаворит на вечерашниот натпревар, но Нексе знае секгаш да биде незгоден противник.

Цената на билетите за овој дуел е само 50 денари. Сите кои нема да бидт во сала директен пренос од мечот ќе врши МРТ.