Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Томовски одличен, Вардар е во полуфинале!

Томовски одличен, Вардар е во полуфинале!

Вардар е во полуфиналето на СЕХА-лигата. Добра игра и во Загреб, за заслужено 1/2 финале и дуел со Мешков Брест.

Вардар добро го започна дуелот и по пет минути игра водеше со 1-3. Следуваше серија на противникот, па така веќе во 15.минута беше егал, 6-6. Потоа Вардар преку Дибиров и Георгиевски дојде на плус два. Следеше серија на домаќинот, па така во 21.минута беше 8-6 за ППД Загреб. Вардар беше девет минути без гол. Серијата ја прекина Валчак за 8-7 во 24.минута. До крајот на првиот дел и двете екипи одиграа добро, па на пауза се замина со 12-10.

Во вториот дел домаќинот беше цели осум минути без гол. Во 40.минута со гол на Тото, Вардар дојде на 15-14. Томовски продолжи да блеска на голот на Вардар. За одбележување беше 45.минута, а Вардар водеше со 16-17. Потоа Вардар играше одлично, па во 49.минута имаше плус два, 17-19. Талески со три гола за 20 минути, го најави триумфот на вардарци. До крајот на дуелот, домаќинот победи со 25-22, но пирова беше таа победа.