Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Втор тим > Вардар Јуниор го потврдува опстанокот на дуелот со “фенерџијата“ Борец
Вардар Јуниор го потврдува опстанокот на дуелот со “фенерџијата“ Борец

Вардар Јуниор го потврдува опстанокот на дуелот со “фенерџијата“ Борец

Тимот на Стојан Петрушевски и Пепи Манасков, младиот сениорски колектив Вардар Јуниор одигра на ниво кога беше најпотребно во првенството, односно во плеј-аут сегментот.  Со серијата добри игри се одлепивме на дури осум бода над тимот на РК Прилеп 2010 кој остана на 5.позиција  на табелата, место кое носи во баражот за опстанок.

Останува до крајот само да ја валоризираме оваа предност, следен дуел кој не очекува е тој против “фенерџијата“ во лигата тимот на ГРК Борец од Велес. Овој тим  го поразивме оваа сезона три пати во лигата, двапати во регуларниот дел и во првото коло како гости во Плеј-аутот. Натпреварот од 6.коло во плеј-аут сегментот ќе се игра денес, 2.мај со почеток во 18:30 часот во нашиот дом “Јане Сандански“ во Скопје.