По крајот на празничната недела во која немаа свои дуели, сениорската екипа на ЖРК Вардар ќе одигра натпревар од Плеј-офот во Супер лигата. Црвено-црните дами на Симовски, Ристова и Царчев гостуваат кај екипата на ЖРК Куманово во истоимениот град.
Натпреварот се игра, утре, петок, 3.мај со почеток во 19 часот и 30 минути. Точно пред месец на 3.април ние бевме домаќини на кумановки во првиот натпревар од плеј-офот. На дуел во кој имаше многу борба бевме совладани со резултат 25-29. Кај на таа средба се истакнаа три девојки, тие имаа “6-ка“ зад своето име. Милица Николиќ и Мими Петковска погодија по шест пати, исто толку одбрани впиша Симона Грујовска.
Вардарки во Куманово веќе идната недела повторно ќе одиграат натпревари, станува збор за дуелите од завршниот Ф-4 турнир во Купот на Република Македонија. Сепак пред тој турнир на 8.мај во “Јане Сандански“ ќе бидеме домаќини на екипата на ЖРК Стужанка во првенствен дуел, тој меч ќе биде генерална проба пред завршницата во Купот.