Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Пионерките на Вардар со два домашни дуели, Вардар фанс и Спорт.видео Македонија ќе ви донесат видео од најинтересните моменти
Пионерките на  Вардар со два домашни дуели, Вардар фанс и Спорт.видео Македонија ќе ви донесат видео од најинтересните моменти

Пионерките на Вардар со два домашни дуели, Вардар фанс и Спорт.видео Македонија ќе ви донесат видео од најинтересните моменти

Пролетнот дел претежно младите девојки од пионерско/кадетската екипа на ЖРК Вардар го минаа по гостувања, поради специфичниот распоред. Утре и задутре избраничките на Анжела Платон и Марија Папуџиева ќе бидат домаќни во двете конкуренции.

Мечевите стандардно ќе се играат во нашиот дом, Спортскиот центар “Јане Сандански“ во Скопје.  Ова најмлада вардарова генерација игра со голем успех на двата фронта во лигата, па затоа Вардар фанс неуморниот тим  на “Sport.Video Macedonia“ ќе ви овозможи покрај нашите извештаи и фотогафии да гледате видеа  од мечевите. Истите ќе бидат со врвен квалитет и достапни он-лајн за широката спортска публика. Веќе имаме потврда од  Спорт.видео Македонија дека утрешниот пионерски дуел ќе биде достапен на нивниот сајт, доколку се овозможи прилика ќе изработат видео и од кадетската средба. Распоредот на дуели е следен:

 

Пионерки: ЖРК Вардар-Куманово 03/05/2019  18-30 часот ( Ј.Сандански)

Кадетки: ЖРК Вардар- Макаловски 04/05/2019, 17-00 часот ( Ј.Сандански)