Thursday ,28 March 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Рајн-Некар против Киелце, дуел кој вечерва ќе го отвори 13.коло во најсилната група А
Рајн-Некар против Киелце, дуел кој вечерва ќе го отвори 13.коло во најсилната група А

Рајн-Некар против Киелце, дуел кој вечерва ќе го отвори 13.коло во најсилната група А

Со натпреварот помеѓу екипите на Рајн-Некар и Киелце, ќе стартува 13.коло во најсилната група А од Лигата на Шампоните.

Натпреварот вечерва ќе се одигра во „САП Арената со почеток од 19:00 часот, на кој домашниот тим ќе се обиде да ја прекине серијата од два порази и да стигне до првиот триумф оваа година во најголемото натпреварување. И двата тренери се наоѓаат во проблеми во пресрет на овој дуел, што се однесува со склопување на составите. Кај Рајн-Некар повторно ќе недостасуваат пикерот Нилсен и левиот бек Фет, додека Киелце ќе биде без браќата Душебаеви, како и без Циндриќ, кој се уште не е доволно подготвен за настап. И двете екипи на денешниот меч на теренот ќе излезат со по 14 играчи кои ги имаат на располагање.

Полјаците го добија првиот дуел одигран на нивни терен, кога славеа со резултат 35:32. За Вардар одговара триумф на Рајн-Некар на денешниот дуел, во случај на победа на Киелце до сабота ќе го изгубиме третото место на табелата. Од друга страна, „лавовите“ од Манхајм со триумф ќе се вратат во борба за четвртото место на табелата.

Кој ќе има поголем императив за победа, тој и ќе слави на денешниот меч, ние се надеваме дека на крајот ќе се радува Рајн-Некар.

Двојки за 13.коло во најсилната група А:

Рајн-Некар – Киелце ( среда, 19:00)

Кристијанштад – Вардар ( сабота, 19:00)

Веспрем – Брест Мешков ( недела, 17:00)

Монпелје – Барселона ( недела, 19:00)