Tuesday ,17 September 2024
Последни:
Home > Slider > „Маратонот“ за вардаровите играчи продолжува, вечерва не очекува дуел против Еурофарм Работник
„Маратонот“ за вардаровите играчи продолжува, вечерва не очекува дуел против Еурофарм Работник

„Маратонот“ за вардаровите играчи продолжува, вечерва не очекува дуел против Еурофарм Работник

Вечерва во спортската сала „Боро Чурлевски“ во Битола, вардарци ќе го одиграат своето 2.коло во рамките на плеј-офот од Супер лигата. После вчерашниот триумф против екипата на Пролет, нема многу одмор за црвено-црните кои вечерва ги очекува меч против екипата на Еурофарм Работник.

Еурофарм оваа сезона направи респектебилен тим кој не смее никако да се потцени. Битолчани успеаа да обезбедат историски пласман и во групната фаза на ЕХФ купот, а оваа сезона се големи претеденти за освојување на втората позиција која носи пласман во СЕХА-лигата, а шансите за такво нешто станаа поголеми после убедливиот триумф во Автокоманда против екипата на Металург. Во регуларниот дел на супер лигата, Еурофарм на 18 одиграни натпревари имаше 17 победи и 1 нерешен резултат. Екипата која ја предводи Стевче Алушевски во составот има и неколку интернационалци, кои се потенцијална опасност за нашиот состав, пред се се мисли на босанците Граџан и Стјепановиќ, потоа украинецот, Остроушко, српското крило Џукиќ и црнагорскиот репрезентативец, Радовиќ предводени од лидерот во нападот, тоа е македонскиот репрезентативец и иден член на Магдебург, се работи за Филип Кузмановски.

Вардар вчерашниот меч го одигра со повеќе од преполовен состав, ги немаше петте руски репрезентативци, како и Карачиќ, Кристопанс, додека Милосављев беше на клупата. Исто така во тимот не беше ниту капитенот Стоилов, па мораа да помогнат и вардаровите кадети. Ако се додадеше и отсуството на Дисингер поради повреда, како и заминувањето на Борозан, товарот на мечот со Пролет го понесоа само неколку играчи. Сепак денес е поразлично, не очекува натпревар против многу подобар и посилен противник, па реално е Парондо да настапи со својот најсилен состав.

Заморот сигурно дека ќе биде евидентен кај најголем дел од играчите кои имаа репрезентативни обврски, но нема време ниту простор за калкулирање. Натреварот вечерва започнува од 18:30 часот, а ние се надеваме на втор триумф на Вардар во плеј-офот.