Wednesday ,24 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Веспрем го чека Вардар во 1/4 финалето
Веспрем го чека Вардар во 1/4 финалето

Веспрем го чека Вардар во 1/4 финалето

По денешниот натпревар на ПСЖ и Фленсбург, стана јасно кој би можел да му биде противник на РК Вардар во 1/4 финалето од ЛШ, се разбира доколу Вардарци во 1/8 финалето  го пројдат полскиот тим на Висла Плоцк., ќе се судрат со Веспрем или Мотор Запорожје. Имајќи во предвид дека унгарскиот шампион, и финалист од минатата сезона Веспрем ќе игра во 1/8 финалето против украинскиот тим Мотор Запорожје, за очекување е дека Веспрем ќе го ”чека” Вардар во 1/4 финалето.

Но, најпрвин треба Вардарци да се сконцентрираат на првиот, следен противник, а тоа е добро познатата екипа на Висла, која минатата сезона ја исфрливме од ЛШ токму во 1/8 финалето.