Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Стојменов и Стојановски ќе го носат дресот на Македонија, на претстојниот ЕХФ Шампионат во Летонија

Стојменов и Стојановски ќе го носат дресот на Македонија, на претстојниот ЕХФ Шампионат во Летонија

Стручниот штаб и тренерот на машката кадетска ракометна репрезентација г-дин Радослав Стојановиќ го објави списокот на ракометари за настап на претстојното EHF M18 Championship LAT 2022.

На истиот се најдоа и двајца ракометари на Вардар, се работи за Александар Стојменов и Марио Стојановски.

На ЕХФ Шампионатот во Рига, кадетската машка репрезентација на Македонија се наоѓа во група А со Турција, Латвија и Косово. По одигрувањето на групната фаза, првопласираните две селекции ќе се пласираат во полуфиналето.

Термини и распоред на натпревари на Македонија

08.08.2022 Македонија – Турција 19:30 часот

09.08.2022 Косово – Македонија 13:00 часот

11.08.2022 Македонија – Латвија 15:00 часот