Friday ,03 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Нова победа за кадетите на РК Вардар, пораз за пионерите
Нова победа за кадетите на РК Вардар, пораз за пионерите

Нова победа за кадетите на РК Вардар, пораз за пионерите

Младинските екипи на РК Вардар беа активни со одигрување на натпревари изминатиов викенд.

Пионерите на РК Вардар беа поразени на домашен терен од екипата на РШ Динг 2021 со резултат 16:23.

Во текот на целиот натпревар, гостинската екипа беше во водство, уште на стартот имаше водство од 1:7, разлика која ја одржуваа до крајот првиот дел, кога на одмор се замина со резултат 6:14.

Вардар не успеа да се врати во вториот дел, кога РШ Динг имаше и двоцифрена разлика од 9:19, по што беше јасно кој ќе ги освои бодовите на овој натпревар. До крајот само, вардарци ја намалија разликата, што не беше доволно да се избегне пораз.

Во нашите редови најефикасен беше Никола Атанасовски со 8 гола, додека Дамјан Најдовски постигна 4 гола.

Кадетите на РК Вардар стигнаа до убедлива победа. Во салата „Круме Кепески“ вардаровите надежи славеа висок триумф во соочувањето со екипата на РК Партизан. Конечниот резултат гласеше 41:18.

Вардарци одиграа добар натпревар на кој имаа предност и контрола на резултатот во текот на целиот натпревар. Тргнавме со предност од 4:1, противникот намали на 5:2, за да следи наша серија и да стигнеме до високо водство од 12:2.Тука беше јасно во каков правец ќе оди овој натпревар. Како се ближеше крајот на првото полувреме, само растеше разликата во наша корист, па така на полувреме се замина со предност од 24:9.

Екипата на Партизан постигна 9 голови и во вториот дел, наспроти Вардар кој продолжи да ја зголемува разликата и во овој дел од натпреварот. На крајот победа, која е втора сезонава за нашите кадети.

Максим Тодоровски и Огнен Тасески постигнаа по 8 голови. Ангел Мирчевски имаше 5, додека Никола Нечовски запиша 4 погодоци.