Thursday ,02 May 2024
Последни:
Home > Uncategorized > МЗТ им го нанесе првиот пораз на вардарки
МЗТ им го нанесе првиот пораз на вардарки

МЗТ им го нанесе првиот пораз на вардарки

Нема веќе непоразени екипи во Првата лига. За тоа најголема „виновник“ се кошаркарките на МЗТ Скопје Аеродром кои славеа на гостувањето „Под Кале“, против екипата на Вардар (67:60).

Се чини дека пресуди првата четвртина, онаа во која гостинската екипа направи голема предност од (24:5), која љубоморно девојките во „сино-бела“ комбинација ја сочуваа до самиот крај на мечот.

Странското „трио“, Томас-Џефрис-Волнианска одработи најголем дел од задачите. Овие три кошаркарки искомбинираа вкупно 51. поен за екипата-победник.

На другата страна од теренот, Наков реализираше 13.поени, Деловска и Димитријевиќ имаа по 11, а Начевска и Зафировска по осум реализации.

По шест одиграни кола двете екипи се на ефект (5-1), ист каков што има актуелниот шампион – екипата на Баскет Кам 2011.

Екипата од Македонска Каменица стигна до важна победа на свој терен против екипата на Куманово-Гризли (85:70).

Домашниот тим имаше две одлични четвртини, првата и третата. Во првите десет минути обезбеди двоцифрено водство (23:13), кое го задржа до одморот (47:37), за по третиот период се да биде јасно околу конечниот победник.

А поентерски, кај Баскет Кам 2011, во преден план излезе една комплетна петорка во која Димова беше стрелец на 24.поени, Поп Димитровска и Максимовска дадоа по 15, Адамовска 14, а Тасевска уште 12.поени. Во гостинската екипа 23 поени беа дело на Американката Џонсон, додека Алексиќ додаде уште 13.

Втора победа запиша екипата на Бадел 1862, која беше подобра од Струга 2009 на гостински терен, со резултат (69:44), а втор успех во новата сезона реализираа и кошаркарките на Пробаскет, кои пред својата публика во Кавадарци ја совладаа екипата на крива паланка со резултат (70:54).