Thursday ,02 May 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Нова победа за пионерките на ЖРК Вардар
Нова победа за пионерките на ЖРК Вардар

Нова победа за пионерките на ЖРК Вардар

ПИОНЕРКИТЕ НА ЖРК ВАРДАР ОСТАНУВААТ НЕПОБЕДЛИВИ, 4/4 ВО ЛИГАТА.

Денес пионерките во 4.коло ја пречекаа екипата на РК Младост 1977 во ” Круме Кепески”. На оваа средба доминиравме и победивме со резултат 25:10.

Започнавме со по еден гол на двете страни за почетна резултатска симетрија, 1-1, тоа беше последен пат противникот да има активен резултат. Заигравме на високо ниво ги затворивме приодите кон голот на Ангелов, која додатни со своите одбрани даваше сигурност. Со голот на Стојанова Јана во 8.минута поведовме со 7-1, по што тимот од Богданци го искористи првиот тајм-аут. Во 13.минута по брза контра погоди Мила Ристовска за прва двоцифрена предност при резултат 11-1. На одмор заминавме со 13.гола повеќе односно со резултат 17-3, кој го постави Ања Илијоска на 35.секунди до крајот.

Во вториот дел добија шанса сите девојките од клупата на црвено-црните пионерки. Ние го задржуваме ритамот и избраничките на Новеска и Атанасова остварија победа со резултат 25:10.

Вардар: Б.Тодоровска 2, Ѓуровска, Стојанова 3, И. Ангелов 3, Јанева 3, Дамјановска 3, Ристовска 5, Илијоска 2, Павичевиќ 2, Стојановска, Н.Ангелов, Херин, Петровска, Д.Тодоровска 2, Манева.