Стручниот штаб и тренерот на младинската машка репрезентација на Македонија Радослав Стојановиќ го објавија списокот на повикани ракометари за собир и настап на претстојниот „Carpaty Trophy“ во Романија.
Carpaty Trophy во Романија ќе се оддржи од 15-ти до 17-ти декември и е дел од подготовките за настап на EHF Euro во Словенија кое ќе се оддржи наредната година.
Марио Стојановски е единствениот вардаров играч кој ќе биде дел од националната репрезентација за овој турнир.