Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Металург е пречката за Вардар до пласман во финалето на Купот
Металург е пречката за Вардар до пласман во финалето на Купот

Металург е пречката за Вардар до пласман во финалето на Купот

Денес стартува завршниот турнир во машкиот дел од ракометниот Куп на Македонија. Црвено-црните ќе се обидат да стигнат до големото финале и да се борат за трофејот во ова натпреварување.

Избраниците на Алушовски за противник ја имаат екипата на Металург, која е домаќин на најдобрите четири екипи во Купот на Република Македонија.

Вардар е најтрофеен тим во Купот со вкупно 13 титули, но Металург е актуелен освојувач со оглед дека на последниот одигран завршен турнир во сезоната 2018/19 во големото финале го победи токму Вардар.

Металург не игра сезонава како што се очекуваше од него, испадна во групната фаза од Лигата на Европа, додека во првенството се наоѓа на четртото место на табелата, каде до крајот ќе се бори за позиција која носи во Европските натпреварувања. На последните два натпревари тимот од Автокоманда ја подигна формата, па се очекува денес да даде силен отпор. Двете екипи веќе одиграа натпревар и тоа во истава сала во рамките на плеј-офот во лигата, Вардар излезе како победник на крајот.

Без разлика на моменталните состави и формата на двата тима, натпреварите на Вардар и Металург секогаш носеле квалитет и неизвесност до самиот крај. Кај Вардар единствено кој ќе недостасува е Анте Гаџа, кај противникот најголемата опасност сигурно дека доаѓа од Хорват.

Вардар е фаворит, но треба истата улога да ја оправда на теренот во текот на сите 60 минути. Се надеваме на добра игра и пласман во големото финале, каде ќе играме со подобриот од натпреварот меѓу Еурофарм и Бутел. Пренос од Ф4 турнирот ќе можете да проследите на МТВ.