Friday ,22 November 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Ристова: Нашата цел е пласман во Куп финалето, девојките се подготвени за предизвикот
Ристова: Нашата цел е пласман во Куп финалето, девојките се подготвени за предизвикот

Ристова: Нашата цел е пласман во Куп финалето, девојките се подготвени за предизвикот

ЖРК Вардар, утре во салата „Автокоманда“, ќе се соочи со екипата на РК Чаир на дуел кој е полуфинале во Купот кај дамите. Напреварот е закажан со почеток во 18-00 часот, во другиот натпревар за место во големото финале ќе се соочат тимовите на Металург и Куманово.

Прв пат како прв тренер оваа екипа на Ф-4 ќе ја предводи нејзиниот иден творец, Драгана Ристова. Уште од пионерки започна да го создава овој тим, токму во истата сала стана пионерски шампион со девојките и ја прекина доминацијата на Металург во тој период. Овој тим кој го има во поголем дел е нејзин “плод“, а и девојките кои подоцна се приклучија успеа да ги вкопи одлично во еден „механизам“. Долгогодишната работа даде плод, освен нејзиниот тим и во два од  останатите три тима на Ф-4 има поранешни нејзини играчи, а и Седлоска која замина во Локомотива во Хрватска е продукт на нејзиниот проект.

ristova33

*За утрешниот прв дуел на овој завршен фајнал-фор турнир нашиот кормилар  кој со тимот цела 2021 година не знае за пораз, во изјава за Вардар фанс го вели следното:

За завршницата на Купот на Македонија во женски ракомет, мислам дека како тим сме подготвени и високо мотивирани во овој момент пред самиот почеток на истата. Се надевам дека веќе во полуфиналата средба која е клучна за висок пласман и на која инсистирам да се има фокус ќе одиграме онака како што знаеме и умееме како тим. Очекувам да се пласираме во големото финале, тоа ни беше прва и основна цел да го минеме најпрвин првиот “филтер“, а потоа да преспиеме и со „ладни глави“  во сабота да го нападнеме пехарот.

ristova3

*Околу подготвеноста и формата со која ќе настапиме на завршницата од ова натпреварување, Ристова ги потенцира следните работи:

-Девојките се навистина одлично подготвени, мотивираноста е на највисоко можно ниво, она што ме радува,  што ги мотивира и нив и ни дава посебен елан е што немаме пораз и реми во цела 2021 година до сега.  Имавме мала криза во играта, таа успеавме најпрвин да не се префрли на резултатски план и да не загубивме ни еден бода, а веќе може да кажам според мојте анализи дека е зад нас, односно е надмината во целост. Ми останува да се надевам на успех на овој  завршен турнир со моите девојки-вели Ристова.