Пред стартот на новата натпреварувачка сезона во Лигата на Шампионите, стручните лица во ЕХФ направија ТОП-10 листа на екипи кои имаат најголеми шанси да се најдат на завршниот турнир и секако да го освојат драгоцениот трофеј.
Интересно, во ТОП-10 нема место за Вардар, од ЕХФ не му даваат шанси на нашиот Шампион дека може далеку да стигне сезонава.
Кил е број еден фаворит за освојување на ЛШ, додека на второто место се најде екипата на Веспрем, после која следи Барселона. Место во ТОП-10 има за екипите на Киелце, ПСЖ, Алборг, Пик Сегед, Мотор Запорожје, Монпелје и ППД Загреб.