Вардар стигна до 16 победа во СЕХА-лигата, совладувајќи ја екипата на Војводина во Нови Сад. Триумфиравме со резултат 32:36, на натпревар на кој имавме водство од самиот старт. Најефикасен на овој дуел беше Лука Циндриќ, кој постигна седум голови. Токму еден од нив е избран за најдобар во триумфот против Војводина.