Повремениот хрватски репрезентативец, Ловро Јотиќ, е последното засилување за Европскиот Ракометен Шампион. Тој доаѓа од екипата на Бенфика за која потпиша договор, но сепак истиот го раскина спогодбено, по што се реши да премине во Вардар. Минатата сезона ја помина во екипата на Еурофарм Пелистер и беше најдобар стрелец на тимот во СЕХА-лигата.
Ловро Јотиќ успеа да постигне 58 голови во ова натпреварување, исто како и Тимур Дибиров, со кој го делат 2 и 3.место на листата на најдобри стрелци во СЕХА-лигата. Јотиќ заедно со Анте Гаџа ќе бидат новите средни бекови на црвено-црните.
Ќе споделиме едно видео од СЕХА-лигата, на кое е новото засилување Јотиќ, а неговите погодоци се атрактивни.