Saturday ,27 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > (ВИДЕО) Борко расположен за одбрани, но и за давање на голови
(ВИДЕО) Борко расположен за одбрани, но и за давање на голови

(ВИДЕО) Борко расположен за одбрани, но и за давање на голови

Голманот на Вардар, Борко Ристовски можеби го имаше најдобриот натпревар во својата кариера.

Вчера во С.Ц. Јане Сандански, црвено-црните одиграа дуел од Лигата на Шампионите против екипата на Порто. После голема борба и неизвесна завршница, двете екипи ги поделија бодовите играјќи со нерешен резултат (25:25).

Борко беше расположен за одбрани, вкупно 18 интервенции зад неговото име, но и голгетерски расположен што е голема реткост за еден голман. Ристовски мечот го заврши и со четири постигнати голови, со оглед дека Порто форсираше игра во нападот без голман, тоа создаде простор за искусниот голман на Вардар.

Дел од неговите одбрани можете да погледнете на линкот, ТУКА.