Ловро Јотиќ во новата сезона ќе го носи црвено-црниот дрес, откако се согласи да потпише договор со Европскиот Шампион. Хрватскиот интернационалец повторно ќе има можност да игра во СЕХА-лигата, откако претходните сезони настапуваше во лигава и со екипите на ППД Загреб и Еурофарм.
СЕХА го најави трансферот на Јотиќ во Вардар.