Friday ,22 November 2024
Последни:
Home > Uncategorized > Поплави, земјотреси Скопје го рушеле, Скопје пак се изгради, Скопје ќе живее… 26.07.`63-26.07.`20, Кобниот ден за Скопје поради кој ФК Вардар ја замени белата со црна боја…
Поплави, земјотреси Скопје го рушеле, Скопје пак се изгради, Скопје ќе живее… 26.07.`63-26.07.`20, Кобниот ден за Скопје поради кој ФК Вардар ја замени белата со црна боја…

Поплави, земјотреси Скопје го рушеле, Скопје пак се изгради, Скопје ќе живее… 26.07.`63-26.07.`20, Кобниот ден за Скопје поради кој ФК Вардар ја замени белата со црна боја…

Денес нашиот дом нашето Скопје  ја одбележува 57-годишнината од катастрофалниот земјотрес, кој се случи на 26 јули 1963 година, а во кој животите ги загубија 1070 луѓе и 3000 беа повредени. Катастрофалниот земјотрес во Скопје се случи на денешен ден во 1963 година, во 5:17 часот. Во потресот, кој беше со јачина од 9 девет степени по Меркалиевата или шест според Рихтеровата скала, со епицентар на плоштадот Македонија, беа урнати речиси 16.000 станови, околу 28.000 беа оштетени, а повеќе од 200.000 лица останаа без покрив над глава.Скопската трагедија предизвика вознемиреност и шок во целиот свет, кој истовремено искажа и голема солидарност и ангажираност во справувањето со последиците од земјотресот. Хуманитарните организации во светот почнаа со собирање помош за настраданиот град, а Скопје стана град на светската солидарност.

На овој жален ден за нашиот град треба да се напомене и големината на ФК Вардар кој до таа 1963 година играл во црвено-бела комбинација на дресови, поради овој настан фудбалскиот клуб Вардар ја заменил белата со црна боја на својте дресови, како почит на загинатите сограѓани. Вардар е единствениот клуб во светот со ваков чекор на почит кон жртвите на одредена трагедија. Одтогаш па се до вечноста нашите бои ќе бидат црвено-црни.

Железничката станица во Скопје која стана симбил на земјотресот две години претходно беше место на радост, каде скопјани го пречека ФК Вардар кој донесе пехар од Купот на тогашна Југославија!

Поплави, земјотреси Скопје го рушеле, Скопје пак се изгради, Скопје ќе живее…